НАШАТА ПРИКАЗНА
Ние веруваме дека играта создава среќни спомени кои се паметат цел живот. Како возрасни, ги носиме тие моменти со себе и токму затоа сакаме истите да им ги подариме и на нашите деца.
Покрај тоа, сметаме дека играта е основа за здрав детски развој Преку квалитетна и значајна игра се поттикнуваат интелектуалниот, емоционалниот и социјалниот развој на децата.
Сподели ги најубавите спомени од вашето детство и дозволи им на вашите деца да ја почувствуваат истата детска радост.“
НАШАТА ВИЗИЈА
Нашата визија е ЗИППИ да стане бренд што создава генерации на креативни и самоуверени деца, градејќи свет во кој учењето и играта одат заедно
НАШАТА МИСИЈА
Нашата мисија е да понудиме квалитетни, безбедни и едукативни играчки кои ја поттикнуваат детската фантазија, радоста и развојот, помагајќи им на родителите да создадат убави и трајни спомени со своите деца
НАШИТЕ ВЕРУВАЊА
Ние веруваме дека секое дете има неограничен потенцијал. Преку играта се раѓаат најдобрите идеи и се градат вештини што траат цел живот.
Играта создава среќни спомени кои се паметат. . Кога ќе пораснеме, ги чуваме тие моменти и сакаме истите да ги споделиме со нашите деца.
